Дома Останати Кошарка НБА Пораз за Лејкерси, маестрален Јокиќ, одлични двајцата Богдановиќ! 🎥

Пораз за Лејкерси, маестрален Јокиќ, одлични двајцата Богдановиќ! 🎥

Koшаркарите на Портланд во изминатата вечер славеа против ЛА Лејкерси со 115:107.

Портланд во одличен натпревар успеа да го совлада актуелниот шампион во НБА лигата. Лејкерси подобро го отворија мечот и после првата четвртина имаа 30:22. Сепак, Блејзерси не се предаваа и беа одлично во втората четвртина. На пауза се замина со 58:54 за Портланд.

Во продолжение гледавме еден неизвесен натпревар. Лејкерси последната четвртина ја отворија со серија од 8:0 (99:98) и изгледаше дека ќе го скршат отпорот на Портланд. Меѓутоа во тој период одлично одигра Босанецот Јусуф Нуркиќ кој постигна шест поени и обезбеди победа за Портланд.

Најефикасен кај Портланд беше Демијан Лилард со 31 поен, додека Леброн Џејмс на спротивната страна постигна 29 поени.

Никола Јокиќ одигра маестрален натпревар за Денвер и оствари трипл-дабл со 19 поени, 12 скокови и дури 18 асистенции и така го предводеше својот тим до победа против Хјустон 124:111.Кај Хјустон најдобар беше Џејмс Харден со 34 поени.

Бојан Богдановиќ беше најдобар стрелец за Јута во победата против Оклахома (110:109). Тој успеа да уфрли 23 поени, додаде три скока и запиша една асисстенција.

Вториот Богдановиќ, Богдан имаше голема улога во победата на Атланта против Детроит. Богдан во овој меч успеа да постигне да постигне 17 поени и додаде пет скокови и пет асистенции.

НБА Резултати:

Атланта – Детроит 128:120

Бруклин – Мемфис 111:116 (пп)

Оклагома – Јута 109:110

Денвер – Хјустон 124:111

Лејкерси – Портланд 107:115

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Ситуацијата поради која навивачите на Звезда долго ќе жалат

Екипата на Милан некако успеа да ја елиминира Црвена Звезда и да го осигура пласманот во о…