Дома Македонски спорт ПОЛУВРЕМЕ во Торшван: Домаќините не се наивни, ние водиме со голот на Ристовски ?

ПОЛУВРЕМЕ во Торшван: Домаќините не се наивни, ние водиме со голот на Ристовски ?


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Репрезентацијата на Македонија до 21 година на полувремето против Фарски Острови има минимална предност.

Натпреварот го започнавме со контрола на топката без да создаваме посериозни прилики за гол, така беше се до 16-тата минута кога Милан Ристовски ја искористи асистенцијата на Ердон Даци. До водство стигнавме од нашата прва поголема прилика.

Даци од десната страна испрати топка по земја во шеснаесетникот, а таму Милан Ристовски кој во отсуство на Давор Здравковски (поради жолти картони) ја носи капитенската лента најдобро се снајде и ја затресе противничката мрежа.

По овој гол домаќините на неколку пати се заканија со добри шанси пред голот на Јанков. За среќа нашата одбрана и Јанков беа на висина на задачата. Се заканивме и ние, меѓутоа до втор гол во првите 45 минути не дојдовме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Капитенот Ристовски стрелец за Динамо Загреб 🎥

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Капитенот на репрезентацијата на Македонија,…