Италијанските медиуми утрово објавија дека Луис Суарез со измама го поминал тестот по италијански јазик и дека нема да го добие овој пасош.
Поради ова изби голем скандал во Италија, полицијата упадна во Универзитетот во Перуџа каде полагал Суарез и го поништи тестот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На сето тоа му претходеле преслушувани разговори на полицијата на кои се слуша дека напаѓачот мора да положи бидејќи го чека договор од 10 милиони евра по сезона.
Имено, Суарез имаше договор за тригодишна соработка со Јувентус тешка 10 милиони евра по сезона и се чекаше само да земе италијански пасош, па да стави потпис на договорот.
„Мора да положи, не можеме да му упропастиме плата од 10 милиони евра по сезона бидејќи нема Б1 ниво на италијаски“, се слуша во разговор помеѓу две лица.
На друг разговор се слуша: „Кажи ми што оцени да му ставам, и ќе му ставам“. Следува одговор: „Стави 3 секаде, синоќа разговарав со ректорот и тој се сложи со ова“.