После раскинување на соработката со Тотенхем, Маурисио Покетино и натаму е без работа.
Тој беше поврзан со голем број клубови, меѓу кои и Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, но не беше постигнат договор.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Аргентинецот не ја крие желбата да се врати во Премиер лигата.
“Не кријам дека сакам да се вратам во Премиер лигата, но ќе видиме. Свесен сум како е во фудбалот и дека може да има враќање во секој момент. Мора да бидете подготвени за тоа. Верувам дека ме чека нешто фантастично” – рече Покетино.
Уште еднаш се осврна на неговиот поранешен клуб.
„Горд сум на се што постигнав со Тотенхем. Се обидов да внесам некои нови идеи и навистина гледам многу напредок“.
Аргентинецот беше на клупата на лондонскиот клуб од 2014 година и претходната сезона го однесе во финалето на Лигата на шампионите, но потоа клубот падна во голема криза и тој мораше да си замине.