Дома Македонски спорт Поинаку не можеше: Магијата на Манасков гол на колото во ЛШ (ВИДЕО)

Поинаку не можеше: Магијата на Манасков гол на колото во ЛШ (ВИДЕО)

Дилеми за најубав гол во Лигата на шампионите за ова коло и не можеше да има – Дејан Манасков заслужено ја однесе оваа награда.

Манасков за тимот на Веспрем во натпреварот против Спортинг Лисабон кој неговиот тим го доби со 34:29 беше стрелец на четири гола, а еден од нив го постигна со мајсторија од зад грб со што го освои признанието за најубав гол во оваа рунда во ЛШ.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Освен Манасков во топ 5 погодоци се најде и играчот на Вардар, Данил Шишкарев за голот против Загреб во Скопје. Шишкарев ја освои четвртата позиција.

Најубавите пет погодоци можете да ги погледнете на официјалната страна на ЕХФ – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…