Дома Фудбал Една репрезентација помалку на СП, ФИФА во неочекувани проблеми

Една репрезентација помалку на СП, ФИФА во неочекувани проблеми

Фудбалската репрезентација на Иран би можела да остане без настап на Светското првенство ова лето. Оваа селекција е подготвена да се откаже од настапот поради војната со Израел и Соединетите Американски Држави, но одлуката сѐ уште не е конечна.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иран би можел да го пропушти Светското првенство. Оваа селекција е подготвена да се откаже од натпреварувањето поради напад од страна на Израел и Соединетите Американски Држави.

Иако сѐ уште не е конечна, одлуката за откажување е многу блиску, а Светската фудбалска федерација (ФИФА) не сака сѐ уште да донесе никакви одлуки од своја страна.

„Прерано е за било какви одлуки. ФИФА ќе го разгледа сето што се случува и приоритет ни е сигурен турнир за сите”, рече генерален секретар на ФИФА Матијас Графстром.

Репрезентацијата на Иран требаше да ги одигра сите три натпревари од групната фаза во Соединетите Американски Држави. Меѓутоа, изгледа дека од нивниот настап нема да има ништо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал може да побара големиот херој на Шпанија, кој е во Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Барселона, Феран Торес, е опција за новат…