Дома Фудбал Роналдо потпиша за Росоман!

Роналдо потпиша за Росоман!

Тимот на ФК Росоман, кој се натпреварува во Третата лига – југ, во пресрет на продолжението од сезоната ги заси своите редови со неколку нови имиња. Сепак, едно од нив посебно го привлече вниманието поради името на фудбалерот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за Роналдо Фазлиов, фудбалер кој во Росоман пристигнува од ФК Дреново и од кого во клубот очекуваат значаен придонес во офанзивата.

„Со особена чест и задоволство му посакуваме добредојде на Роналдо Фазлиов, кој ни се приклучува од редовите на ФК ДРЕНОВО.! Му посакуваме многу успешни настапи и многу голови во дресот на нашиот клуб. Добредојде Роналдо“, стои во објавата на третолигашот на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шерки направи хаос кога застана пред камерите, никој не очекуваше таков потег

Синоќа Шпанија ја победи Франција со 2:0 во полуфиналето на Светското првенство и заслужен…