Дома Трансфер зона Познати двете главни мети на Манчестер Јунајтед

Познати двете главни мети на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед во јануари го купи Бруно Фернандеш, но после ваква лоша сезона јасно е дека на тимот му се потребни нови засилувања.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Англиските медиуми пренесуваат дека директорот Вудворд и тренерот Солскјер имаат план на лето да донесат двајца фудбалери, кои се блиски пријатели и имаат голема желба да играат на „Олд Трафорд“.

Станува збор за Џејмс Медисон од Лестер кој игра фантастично оваа сезона и „лисиците“ тешко ќе можат да го задржат. Медиумите на Островот тврдат дека за 100 милиони евра би можел да се пресели на „Олд Трафорд“.

Вториот е Џек Грилиш кого Астон Вила ќе мора да го продаде на лето за да ја финансира трансфер кампањата. Цената на младиот репрезентативец секојдневно расте бидејќи го следат Реал Мадрид и Барселона.

Двајцата одлични играчи за врска би можеле да пристигнат на „Олд Трафорд“ за околу 200 милиони евра и заедно со Фернандеш да оформат нов среден ред, а Погба готово сигурно ќе биде продаден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…