Синоќа беше посебна вечер за Пол Погба, се врати на местото на старите успеси во дресот на Јувентус со кого освои се што можеше да се освои во Италија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Навивачите топло го поздравија, а она што го направи не беше сосема вообичаено. Имено, фудбалерите на Манчестер Јунајтед веднаш по натпреварот заминаа за Англија за да се подготват за нови предизвици, но едно место остана празно.
Погодете, станува збор за Погба кој останал во Торино, но не за да разговара за потенцијално враќање или поради шопинг, туку поради допинг контрола. Екипата си замина без него, па Французинот мораше да се врати со ноќен лет.