Дома Трансфер зона Погба може да си оди, Јунајтед веќе најде замена

Погба може да си оди, Јунајтед веќе најде замена

Раководството на Атлетико Мадрид е спремно да се раздели со играчот за врска Саул Нигез, пренесува „АС“.

Саул Нигез го известил раководството дека сака да направи трансфер ова лето, а Атлетико е спремен да ги слушне понудите.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Манчестер Јунајтед во моментов покажува најсериозен интерес за Саул Нигез, бидеќи во него гледа идеална замена за Погба.

Погба во последно време се почесто се поврзува со заминување од Манчестер Јунајтед и трансфер во ПСЖ, бидејќи влезе во последната година од договорот и одбива да ја продолжи соработката.

„Црвените ѓаволи“ веќе стапиле во контакт со агентот на Саул Нигез и наскоро ќе испратат понуда до Атлетико Мадрид.

Шпанските медиуми пренесуваат дека трансферот може да биде комплетиран за сума помеѓу 50 и 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…