Дома Трансфер зона Саул Нигез ја призна грешката, се враќа во Атлетико

Саул Нигез ја призна грешката, се враќа во Атлетико

Саул Нигез во последниот ден од преодниот рок го напушти Атлетико Мадрид и се пресели во Челзи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Шпанецот не беше задоволен од тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, кој го играше надвор од неговата природна позиција и побара трансфер. 

Челзи го доведе на едногодишна позајмица со право на откуп. Меѓутоа, работите не се одвиваат добро за Саул, кој ретко добива шанса во Челзи и е незадоволен.

Томас Тухел не е импресиониран од Шпанецот, кој не може да се навикне на животот во Англија, ниту пак на стилот на игра на „сините“.

Поради тоа Челзи сака да ја прекине позајмицата и уште во јануари да го врати во Атлетико, а „јорганџиите“ се спремни да го позајмат на друг заинтересиран клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…