Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Убедливи победи на Македонија Ѓорче Петров и Силекс, само „нула“ за Шкендија во Штип

ПМФЛ: Убедливи победи на Македонија Ѓорче Петров и Силекс, само „нула“ за Шкендија во Штип

Денес во терминот од 14:00 часот се одиграа три натпревари во рамките од 21. коло во ПМФЛ.

 На домашен терен Македонија Ѓорче Петров славеше убедлива победа од 3:0 против Тиквеш. „Лавовите“ го отворија резултатот уште во втората минута кога по шутот на Арби Воша топката погоди еден дефанзивец на гостите и заврши зад грбот на голманот на гостите од Кавадрци.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


За нов гол се чекаше дури до 76-та минута кога пенал погоди Филип Мишевски, конечните 3:0 ги постави нововлезениот Емир Скендери пред крајот на натпреварот во 89-тата минута.

Убедлив триум забележа и Силекс на гости кај Победа во Прилеп. Кратовци ги „торпедираа“ домаќините со високи 1:4. Во третиот натпревар Брегалница на домашен терен остана непоразена против Шкендија одигрувајќи 0:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…