Легендарниот италијански фудбалер Андреа Пирло зборува за шансите на клубовите од својата земја во Лига на шампиони оваа сезона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Италија има два представника во елиминационата фаза во најелитното европско клубско натпреварување, а тоа се Јувентус и Рома. Единствениот италијански клуб кој не успеа да се пласира во осминафиналето е Наполи.
Пирло смета дека Јувентус има силен тим кој може да оди до крајот, додека Рома според него е пријатно изненадување.
„Јувентус без дилеми е многу силен, а тоа го покажа претходните три сезони кога играше две финалиња. Тие имаа силен тим и оваа сезона и имаат добра шанса да одат до самиот крај во ЛШ.“
„Рома за мене е изненадување. Ја освои групата во која многу и предвидуваа испаѓање. Сега тоа е нивно да одат што подалеку.“ – изјави Пирло.