Дома Фудбал Италија Пирло по потписот на Мората доби нова одлична вест

Пирло по потписот на Мората доби нова одлична вест

Aндреа Пирло тренерската кариера во Серија А ја започна со победа против Сампдорија од 3:0 и навивачите беа задоволни од играта која ја прикажаа играчите на теренот.

За Пирло вистинските предизвици допрва следат, а еден од поголемите ќе го има во недела кога Јувентус ќе гостува кај Рома на „Олимпико“.

Пирло во претходниот период беше потрага по напаѓач и Џеко од Рома беше блиску до потпис сепак на крајот босанскиот фудбалер остана во Рома, а во Јувентус пристигна Алваро Мората. Мората потпиша вчера, а денес Пирло доби уште една добра вест.

Имено, Паоло Дибала го одработи комплетниот тренинг со соиграчите после незгодната повреда и ќе биде во комбинација за настап против Рома.

Дибаа е еден од најдобрите играчи во Серија А и сигурно дека неговото враќање е одлична вест за Пирло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Зидан: Победата е заслужена, одигравме перфектно

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан беше исклучително задоволен од играта на својот тим…