Дома Фудбал Италија Пиоли потврди дека Ибра останува, проговори и за идните трансфери

Пиоли потврди дека Ибра останува, проговори и за идните трансфери

Италијанскиот шампион Милан денес ги започна преговорите за новата сезона, а тренерот Стефано Пиоли ја одржа првата пресконференција.

Пиоли посочи дека има млад тим кој очекува оваа сезона додатно да се подобри и потврди дека Ибрахимовиќ ќе потпише нов договор.

„Убеден сум дека никој од моите фудбалери не го достигнал максимумот и очекувам оваа сезона да бидат уште подобри, а со самото тоа да бидеме посилни и како тим. Треба да доведеме играчи кои ќе бидат функционални на нашиот стил на игра. Се врато Побега кој минатата сезона во Торино одигра фантастично, а Адли сигурно ќе биде добро засилување за тимот“, изјави Пиоли.

„Ибрахимовиќ добро се опоравува од повредата. Се слушнав со него утрово и очекувам се уште да работам со него. Тој преговара за нов договор, но јасно е дека му следува пауза поради операцијата“, додаде тренерот на „росонерите“.

„Пауло Дибала или Де Кетелар? Зборуваме за двајца различни играчи, но јас знам дека имаме одлични директори кои ќе го направат вистинскиот избор за да се засили тимот“, одговори Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид го освои Суперкупот на Европа🎥

Реал Мадрид ја оправда фаворитската улога против Ајнтрахт и го освои Суперкупот на Европа,…