Дома Офсајд Пике и Шакира наскоро ќе се сретнат, двајцата имаат иста желба

Пике и Шакира наскоро ќе се сретнат, двајцата имаат иста желба

После 12 години заеднички живот, Шакира и Жерар Пике се разделија.

Оваа вест беше потврдена и од двете страни пред околу една недела.

Новинарите на „Марка“ пишуваат дека Шакира двапати се обидела да се смири со Пике, но фудбалерот имал поинакво размислување. Кога пропаднал и нејзиниот последен обид следувала објавата за раскинување.

Во текстот на „Марка“ се наведува дека и покрај проблемите со кој се соочила Шакира го сака Пике и дала се од себе за да го спаси бракот, меѓутоа Пике бил цврсто решен во својата намера, а веќе некое време живее одвоено.

Желба и на двајцата е нивната разделба да не влијае премногу на нивните деца и наскоро се очекува парот да се сретне и да разговара како ќе се одвиваат работите со децата и на кој начин ќе продолжат.

После таа средба Шакира и Пике би требало да излезат со заедничка изјава на која ќе ги расчистат сите детали за јавноста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Офсајд

Проверете

Атрактивната македонска репрезентативка ужива на плажите во Хрватска 📸

Репрезентативката на Македонија, Јулија Живиќ деновите од одморот ги поминува во Хрватска,…