Џанлуиџи Буфон и покрај тоа што има 41 година нема намера да ја заврши кариерата и за неговите услуги во овој преоден рок владее голем интерес.
Буфон неодамна потврди дека има повеќе понуди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Станува збор за големи клубови и добри понуди. Наскоро ќе донесам одлука каде ќе ја продолжам кариерата и ќе објавам“, изјави Буфон.
Неговиот агент Силвано Мартина беше по конкретен:
„Порто не контактираше и морам да признаам дека тоа е дестинација која е многу интересна за нас. Ако премине во Порто таму ќе го замени Икер Касиљас, неговиот голем пријател и уште една голманска легенда“, изјави агентот на голманот.
„Скај Италија“ наведува дека понуда за Буфон испратила и Аталанта која е примамлива дестинација поради играњето во Лигата на шампионите.
„Газета дело Спорт“ пак открива и изгледа опција Буфон да се врати во Парма клубот во кој дебитираше во 1995 година и од кој си замина пред 18 години.
Името на Буфон се поврзуваше и со тимот на нашиот Алиоски, англиски Лидс.
На крајот во игра, но со најмали шанси е и бразилскиот Палмеирас кој е рекордер по освоените титули во бразилското првенство. Наводно, Буфон е голема желба на новиот претседател на тој клуб Марио Битенкурт.