Дома Фудбал Перез: Зидан е благослов од небото!

Перез: Зидан е благослов од небото!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез не запира да го фали тренерот Зинедин Зидан кој синоќа ја освои 34-та титула со „кралевите“ во Примера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Инаку за Зидан ова е 11-ти трофеј со Реал Мадрид, втор во Примера и три пати ја освои Лигата на шампиони.

„Прочитав еден Твит кој вели дека Зидан освојува трофеј на секои 19 меча. Што уште може да се каже, освен дека тој е благослов од небото. Се надевам дека ќе биде со нас уште долго време“, истакна Перес.

„Специјално сакам да ги пофалам Бензема, Куртоа и Каземиро. Додека за Серхио Рамос можам да кажам дека е повеќе од капитен. Може да остане во Реал целиот свој живот“, додаде претседателот на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо одговори на критиките: Кога нема да дадам голот, велат дека сум за во пензија

Кристијано Роналдо покажа голема самодоверба пред новинарите по двата гола во победата на …