Дома Трансфер зона Перез веќе ги спрема милионите за нов напаѓач во Реал

Перез веќе ги спрема милионите за нов напаѓач во Реал

Францускиот напаѓач Карим Бензема игра одлично оваа сезона и претходната, па поради тоа ја доби „Златната топка“, но сепак има 34 години и јасно е дека нема да игра уште долго на врвно ниво.

Претседателот на шпанскиот шампион Флорентино Перез сака да ангажира нов напаѓач, а изборот паднал на Габриел Жесус кој игра одлично во редовите на Арсенал и му помага на гигантот од Лондон да биде на врвот во Премиерлигата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Жесус постигна пет гола и седум асистенции на 12 настапи во англиското првенство, а засега не е познато колку пари ќе бара Арсенал за неговите услуги, иако сигурно „топчиите“ ќе бараат многу пари затоа што го купија за 55 милиони евра, а притоа тој потпиша договор до 2027 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…