Дома Фудбал Педри: Барселона ќе ги надмине тешките моменти

Педри: Барселона ќе ги надмине тешките моменти

Најголиот талент на Барселона, 18-годишниот Педри не ја крие радоста после потпишувањето на новиот договор со каталонскиот гигант.

Педри потпиша нов договор со Барселона со кој се обврза на верност до 2026 година,  и им порача на навивачите дека клубот ќе ја надмине тешката ситуација во која се наоѓа.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Им се заблагодарувам на сите во клубот. Многу сум среќен, иако клубот не минува низ добар период. Меѓутоа, ние сме најголемиот клуб во светот, минуваме низ тешки моменти, но ќе го решиме сето тоа на најдобар начин“, изјави Педри.

Педри дојде во Барселона пред нешто повеќе од една година од Лас Палмас во трансфер вреден само пет милиони евра, а во новиот договор има откупна клаузула од 1 милијарда евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…