Дома Фудбал Репрезентации Партнерките на аргентинските фудбалери дадоа посебно ветување ако Аргентина стане светски шампион

Партнерките на аргентинските фудбалери дадоа посебно ветување ако Аргентина стане светски шампион

Партнерката на дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез откри дека сите сопруги на аргентинските фудбалери се договориле да имаат посебен спомен ако Аргентина го освои Светското првенство.

Сопругите и девојките на аргентинските фудбалери по победата во полуфиналето против Хрватска на вечера во шпански ресторан во Доха се договориле да направат тетоважа ако „гаучосите“ станат Светски шампиони.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Сите се согласивме да направиме тетоважа со која би го обележиле историскиот момент. Конечниот изглед на тетоважата не го одлучивме.

 Разговаравме, некои сакаат тоа да биде пехарот, други датумот, трети нешто на арапски…Како и да е сигурно ќе биде нешто, имаше повеќе идеи“, откри Мури Лопез, партнерката на Лисандро Мартинез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

За Баерн нема кој да брани: Младо момче мора на гол оти друг избор нема!

Вистински хаос се случува во Минхен. Причината се голманите кои Баерн веќе ги нема на расп…