Репрезентацијата на Аргентина го победи Чиле со минимални 1:0 и така се пласираше во нокаут фазата од Копа Америка.
Единствениот гол за Аргентинците беше дело на Лаутаро Мартинез во 88. минута. Во последниот натпревар од групата ќе играат против Перу на 30. јуни.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во тој натпревар како што стојат работите ќе бидат без Лионел Меси кој се соочил со проблем.
„На почетокот на натпреварот почувствуав непријатност во десниот мускул. Беше тесно. Не беше опуштен како што требаше. Не успеав да го завршам натпреварот, ќе видиме како ќе биде“, изјави Меси.
Засега не е познато каква ќе биде ситуацијата со повредата на Меси и како ќе биде спремен за по тој натпревар.