Дома Фудбал Парите не се најважни: Ова е планот со кој Лапорта ќе го убедува Меси да остане

Парите не се најважни: Ова е планот со кој Лапорта ќе го убедува Меси да остане

Договорот на Лионел Меси со Барселона истекува на крајот на оваа сезона, а како што се наближува преодниот рок се повеќе се шпекулира за тоа каде ќе го гледаме во наредната.

Се поврзува Меси со повеќе клубови, а според некои информации на шпанските медиуми Аргентинецот веќе донел одлука. Информациите гласат дека претседателот Лапорта откако ги добил деталните информации за финансиската ситуација на клубот ја спремил понудата за Меси.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во Барселона се свесни дека не ќе можат со понудата да парираат на некои клубови кои се поврзуваат со името на Меси (ПСЖ, Манчестер Сити), сепак се верува дека Лапорта ќе го убеди Меси да ја прифати понудата.

Наводно, Меси ако ја прифати понудата ќе заработува помалку откаолку сега, меѓутоа неговите приходи би се зголемувале како што ќе се подобрува финансиската ситуација во клубот. Исто така дел од понудата ќе биде и загарантирано место во управата откако ќе ја заврши кариерата.

Се шпекулира дека Лапорта ќе се обиде да го убеди Меси со доведување на топ напаѓач, тоа би можел да биде Ерлинг Халанд. Ќе потсетиме, дека токму сериозен спортски проект е еден од главните услови на Меси за да прифати да потпише нов договор.

Сезонава Меси одигра 28 натпревари и постигна 23 гола, додаде и уште осум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ спрема понуда за Зидан

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, би можел да го замени Луис Енрике на кор…