Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не може да се контролира кога го навредуваат на расна основа.
Бразилецот често влегува во конфронтација со фановите и се заканува со напуштање на теренот поради навреди на расна основа, но тоа негово однесување не наидува на одобрување кај сите фудбалери.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Парехо смета дека бразилскиот фудбалер мора да го надмине овој проблем со тоа што ќе престане да се расправа со навивачите.
„Вини е спектакуларен играч, има неверојатни можности и мислам дека треба да се посвети само на играта. Кога играте за Реал, атмосферата е посебна, луѓето секогаш ќе пробуваат да ве испровоцираат на некој начин. Мене со години ме нарекуваа пијаница, но не се расправав со навивачите, ниту гестикулирав кон нив. Тоа е непотребно. Винисиус греши што се расправа, фудбалерот мора да биде над ситуацијата“, смета Парехо.