Дома Македонски спорт Пандев: Македонија нема што да изгуби против Италија

Пандев: Македонија нема што да изгуби против Италија

Македонската фудбалска икона Горан Пандев нема да биде дел од репрезентацијата на Македонија за полуфиналниот бараж за СП против Италија, меѓутоа и покрај тоа неговото мислење е важно за италијанската јавност.

Пандев кој се збогува со македонската репрезентација на Европското првенство изминатото лето очекувано ја смета Италија за фаворит, но потенцираше дека Македонија не смее да биде отпишана.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Италија фаворите, ќе играат на домашен и се актуелни европски шампиони. Но, Македонија верува во успех. Ние немаме што да загубиме, луѓето веруваат во момците, а тие ќе играат без притисок и ќе дадат се од себе. Италија е мојот втор дом, тука ми се родија децата, но Македонија ми е во срцето“, изјави Пандев.

Баражот помеѓу Италија и Македонија е закажан за 24. март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Голманот на Тотенхем го подели фудбалскиот свет, а сега за првпат се огласи: Ова беше еден од најболните моменти…

Целиот фудбалски свет од вчера вечер зборува за голманот на Тотенхем, Антонин Кински. Игор…