Дома Фудбал Италија Пандев: Идеално ќе биде да постигнам десет гола за Џенова и да избориме опстанок во Серија А!

Пандев: Идеално ќе биде да постигнам десет гола за Џенова и да избориме опстанок во Серија А!

Македонскиот фудбалски репрезентативец Горан Пандев со неговите соиграчи од Џенова ќе се борат да обезбедат опстанок во италијанската Серија А.

Пандев во интервју за италијанските медиуми зборуваше за актуелната ситуација во Серија А и кажа дека би сакал да постигне 10 голови сезонава, а исто така и да избори опстанок во лигата.

„Има уште многу да се игра до крајот и не смееме да се опуштиме. Сакам да постигнам дeсет гола сезонава и да изборам опстанок со Џенова, тоа ќе биде идеално сценарио“, кажа Пандев.

Џенова вечерва го игра градското дерби против Сампдорија, која е многу подобро пласирана на табелата, па Пандев се надева дека ќе го изненадат ривалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи во проблеми, Ливерпул со играч повеќе🎥

Во првото полувреме не видовме големи возбудувања во големото дерби помеѓу Челзи и Ливерпу…