Дома Македонски спорт Мак фудбал Пандев до младите фудбалери: Ме направивте горд Македонец!

Пандев до младите фудбалери: Ме направивте горд Македонец!

Kапитенот на сениорската репрезентација, Горан Пандев искажа емоции преку Истаграм за успехот на младата репрезентација и искрено им честиташе за пласманот на ЕП во Полска.

Горан Пандев се јави преку социјалните мрежи по пласманот на младите фудбалски репрезентативци на Македонија на Европското првенство и истакна дека е горд на ваквиот успех.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ми ја наполнивте душата. Ме направивте неизмерно среќен. Би ги заменил сите национални, куп, европски и светски титули, голови и лични признанија за само една да доживеев ваков магичен успех во дресот на националната селекција. Вие успеавте. Денеска сум горд на вас, горд Македонец. Секоја чест момци, знам дека нема да застанете тука“, напиша Пандев во пораката на својот Инстаграм профил.

12-10goki2

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Лина Ѓорческа со пресврт до четвртфинале

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со успешните настапи на турнирот …