Дома Фудбал Манчестер Јунајтед пронашол засилувања во Реал: Работата ќе биде завршена

Манчестер Јунајтед пронашол засилувања во Реал: Работата ќе биде завршена

Манчестер Јунајтед на самиот крај на преодниот рок планира да ги засили своите редови.

Очигледно е дека во Јунајтед не се задоволни со тековните играчки кадри, па на сите начини сакаат да ги зајакнат, а наводно пронашле двајца играчи кои ќе се обидат да ги доведат.

Медиумите од странство пишуваат дека Црвените ѓаволи сакаат да доведат двајца фудбалери од Реал Мадрид, и тоа Едуардо Камавинга и Ферланд Менди.

Извори блиски до англискиот клуб наведуваат дека Јунајтед е подготвен на Реал да му понуди 80 милиони евра како компензација за споменатите играчи, и дека во Мадрид сметаат дека таквата понуда би можела да биде основа за конкретни преговори.

Инаку, новиот тренер на Реал Жозе Мурињо благо кажано не е воодушевен од Камавинга и Менди, што значи дека нивните заминувања се доста веројатни.

Камавинга пристигна во Реал во 2021 година од Рен. Потпиша договор со “кралевскиот клуб” до летото 2027, но во ноември минатата година го продолжи до летото 2029 година.

Вкупно одиграл за Реал 221 натпревар, од кои минатата сезона 43, од кои 23 како стартер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бомба: Варселона го договори трансферот на Габриел Жезус

Барселона е во многу напредна фаза на преговори со Арсенал за трансфер на напаѓачот Габрие…