Дома Фудбал Останато Пандев дојде да даде поддршка на неговиот тим пред европското деби (ФОТО)

Пандев дојде да даде поддршка на неговиот тим пред европското деби (ФОТО)

Академија Пандев во четврток на арената „Тодор Проески“ ќе го има европското деби во рамките од квалификациите за Лигата на Европа.

Денес фудбалерите на клубот од Струмица добија дополнителен мотив. Имено, капитенот на македонската фудбалска репрезентација и сопственик на Академија Пандев, Горан Пандев се појави на тренингот да им посака среќа на фудбалерите пред натпреварот против Зрињски.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Пандевци“ во сезоната која е зад нас го освоија Купот на Македонија и на тој начин обезбедија квалификациите во второто по ранг натпреварување во Европа.

Фотографијата е превземена од „Дрнка.Мк“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Неговото име е Диого, подобар е од Фиго“: Навивачите на Ливерпул никогаш нема да го заборават Жота

Рано утрово фудбалската јавност беше погодена од трагичната вест за загинувањето на португ…