Дома Македонски спорт БАНДА СО ИНТЕРВЈУ ЗА СПОРТСКИ: Никој не може да биде сакан како Кара и Столе, сакам еден ден пак заедно да играме во Вардар!!

БАНДА СО ИНТЕРВЈУ ЗА СПОРТСКИ: Никој не може да биде сакан како Кара и Столе, сакам еден ден пак заедно да играме во Вардар!!

Дејан Милосављев беше еден од милениците на скопската публика, меѓутоа поради проблемите во клубот на крајот од сезоната се пресели во редовите на Фуксе Берлин.

Популарниот „Банда“ во интервју за СПОРТСКИ зборуваше за ситуацијата во Вардар, Карачиќ, Стоилов како се тренери во Берлин во вакви вонредни услови, може ли еден ден да се врати…

  • Каква е ситуацијата во Берлин, како ја одржуваш формата во ваква ситуација?

„Клубот ни излезе во пресрет и ни овозможи тренинзи со кондиционен тренер, на нас останува да избереме дали ќе одиме во теретана или ќе работиме дома. Некако успеваме се надевам дека ваквата ситуација нема да трае уште долго“.

  • Имате ли некои претпоставки кога би можела сезоната да продолжи

„Би сакал пред се да бидеме здрави, па после тоа да уживаме во спортот – РАКОМЕТОТ. Немам претстава колку би можело ова да потрае засега официјално е дека до крајот на април нема да играме.

  • Како ви поминува времето во вакви денови?

„Го поминувам времето со мојата сопруга во станот . Многу време губевме во претходните денови и сега имаме прилика се да надополниме. Гледаме филмови, играме сони, тренираме колку што е можно во станот“…

  • Во контакт ли сте со играчите од Вардар?

Сите играчи ми се навистана драги. Друштвени мрежи денес користат сите, па така го одржуваме контактот.

  • Карачиќ кажа дека би можел еден ден повторно да го видиме во Вардар. Што мислиш ти на оваа тема, би можел ли да се вратиш некогаш?

„Карачиќ е гордост на Вардар и никој не може да биде сакан како тој и Стоилов. Би сакал и јас еден ден повторно да играме заедно во дресот на Вардар. Мене во Вардар ми беше многу убаво, доживеав се што сонува еден спортист“.

  • За ситуацијата во Вардар?

„Ситуацијата е генерално лоша, би сакал се да се среди и клубот да биде стабилен. Моите поранешни соиграчи заслужуваат се најдобро. На МАКЕДОНИЈА и треба Вардар!!“

  • Порака за оваа ситуацијата со коронавирусот?

„На сите на Балканот и на оние кои читаат СПОРТСКИ им посакувам да ги почитуваат мерките и со самото тоа да се зачуваат себе и своето семејство“

ГОЛЕМ ПОЗДРАВ ОД БЕРЛИН!!

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Харгривс: Вернер ќе ја грее клупата во Ливерпул

Раководството на Ливерпул веќе подолго време работи на трансферот на напаѓачот на Лајпциг,…