
Денеска во базата на Милан се одржа важна средба на која сопственикот Џери Кардинале ги разгледа со тренерот Рубен Аморим и спортско-техничкиот тим листата на играчи со кои “росонерите” можат да се разделат до крајот на трансферниот период, информира “Скај Спорт”.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За речиси сите фудбалери кои се набележани за продажба или изнајмување се знае веќе подолго време: дефанзивците Фикајо Томори и Давид Одогу, средниот играч Первис Еступинан и Филипо Терачано, полушпицот Јусуф Фофана и напаѓачот Сантиаго Хименес, за кого се водат преговори со Порто.
Сепак, на листата има и едно изненадувачко име – името на напаѓачот Кристофер Нкунку. Досега се сметаше дека Французинот ќе биде важен дел од плановите на Аморим, но најновите информации се дека португалскиот стручњак нема да се потпира на него.
Како што е познато, 28-годишниот играч пристигна минатото лето со трансфер од Челзи во вредност од 37 милиони евра, но не ги оправда очекувањата во своите 37 натпревари, во кои постигна 8 голови (5 од пенал) и направи 3 асистенции.