Дома Фудбал Бизарна сцена: Фулам не сакаше да изведува пенали против Малага, имаше попаметна работа

Бизарна сцена: Фулам не сакаше да изведува пенали против Малага, имаше попаметна работа

Необични сцени доаѓаат од Шпанија, каде што Фулам, по ремито 2:2 против Малага, одби да учествуваат во изведување на пеналите, оставајќи го така 36-от трофеј “Коста дел Сол” во рацете на домашниот тим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Малага и Фулам одиграа пријателски натпревар пред импресивни 17.179 гледачи на “Ла Росаледа”. По 90 минути игра резултатот беше нерешен. За да се одлучи победник, требаше да се изведат пенали, но тука настана хаос.

Играчите на премиерлигашот од Англија по натпреварот разговараа неколку минути со судиите, а потоа директно се упатија кон соблекувалните.

Зошто? Фулам тврдеа дека изведувањето на пенали не било дел од договорените услови за пријателскиот натпревар.

Последиците? Тимот на Фулам по завршувањето на натпреварот требаше веднаш да продолжи кон аеродромот за полетување кон Лондон, а дополнителното задржување можеше да им ги попречи патните планови.

Организаторите немаа друга опција освен да ја прогласат Малага за победник, иако видовме еден шутиран пенал во празна мрежа што сепак не беше официјален дел на натпреварот.

Возбудата ја подгреа и новиот тренер на Фулам, Алваро Арбелоа, кој беше исклучен за време на натпреварот поради жестоки протести за судиската одлука.

Арбелоа беше испратен на трибините, додека на самиот крај на натпреварот, Малага изедначи од пенал после играње со рака во шеснаесетникот, одредувајќи го конечниот резултат 2:2.

По последниот судиски свиреж, се очекуваа пенали, но ставот на Фулам остана непроменет.

Играчите на Фулам заминаа кон соблекувалните, додека 17.179 домашни гледачи ги испратија со гласни свирежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Влаховиќ со себе во Инстанбул донесе две гајби доманти (Видео)

Пристигнувањето на Душан Влаховиќ во Бешикташ означи крај на една од најдолгите трансфер с…