Дома Фудбал Важен потпис, Доку во Сити до 2031 година!

Важен потпис, Доку во Сити до 2031 година!

Фудбалерот на Манчестер Сити Жереми Доку денес потпиша нов петгодишен договор со овој премиерлигаш.

Белгискиот репрезентативец сега е врзан за Сити до 2031 година.

Тој во клубот дојде од францускиот Рен во 2023 година.

Доку изјави дека се чувствува добро во Сити и дека со нетрпение очекува да игра под водство на неодамна ангажираниот менаџер Енцо Мареска, чиј план за играње во голема мера се потпира на крилните играчи.

“Неговиот стил на фудбал е оној што го сакаме, па тоа е возбудливо за играчите“, рече Доку.

Овој 24-годишен фудбалер досега за Манчестер Сити одигра 131 натпревар и постигна 22 гола. Доку со Сити освои пет трофеи – една Премиер лига, ФА Куп, Лига Куп, Светско клупско првенство и Комјунити шилд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл испрати скаути во Полска: На радарот е 20-годишен лев бек

Јакуб Кжижановски од Висла Краков го привлече вниманието на Њукасл, но неговиот договор до…