Дома Фудбал Сè е потврдено, а еве што порача Чави откако стана селектор!

Сè е потврдено, а еве што порача Чави откако стана селектор!

Чави Ернандез потпиша договор до завршувањето на Светското првенство во 2030 година и стана првиот странски селектор на Холандија по речиси половина век. Главната задача ќе му биде враќање на препознатливиот напаѓачки фудбал и принципите на познатата холандска школа.

Чави ќе ја наследи селекторската позиција од Роналд Куман. Искусниот тренер ја напушти клупата поради разочарувачки настап и елиминација од Мароко во шеснаесеттина финалето на Светското првенство.

Новиот селектор веќе години наназад отворено зборува за својата восхит на холандскиот фудбал. Уште пред десет години јавно ги бранеше идеите базирани на талентот, поседувањето на топката, контрола на просторот и доминација над противникот.

„Во Барселона многу научивме од холандската школа која се базира на талент, посед, контрола и доминација. Кројф, Ван Гал и Рајкард освоија многу работи со таков начин на играње. Зошто би требало тогаш да се смени тој пристап?“, кажуваше Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Четири клубови подготвуваат тужба за 800 милиони против Ман Сити

Манчестер Сити може да се соочи со нов сериозен проблем, бидејќи четири клуба од Премиер л…