Благодарение на колегите од „Сител“ телевизија и утринската програма „Ја Сакам Македонија“ утрово имавме прилика од Џенова во живо да го слушнаме македонскиот капитен Горан Пандев.
Пандев во јавувањето во живо зборуваше за ситуацијата и животот во Италија која е најпогодена земја во Европа од коронавирусот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Секој ден е скоро ист од 10. Март сме во карантин седиме со семејството, едноставно се навикнавме. Првите денови беше тешко, но мораме за доброто на сите околу нас, се надеваме дека брзо ќе помине ова зло“.
„Овде во Џенова има повеќе од 1000 заболени, но не е како во Ломбардија таму ситуацијата е критична и жална. Тука градот добро се справува со вирусот. На улиците има само полиција и амбулатни возила и лошо изгледа.“.
Каде погрешија Италијаните?
„На почетокот овде луѓето не сфатија сериозно. Кога се воведоа првите мерки, уште луѓето се шетаа надвор и тука ја направија најголемата грешка. Кај нас во Македонија мерките многу рано се воведоа и верувам дека тоа ќе има добар ефект“.
Има ли заразен играч во Џенова?
„Од Џенова нема ниту еден заразен, игравме во Милано на 8. март, тогаш се играше и натпреварот Сампдорија – Верона. Сметам дека тие натпревари беа грешка што се играа иако беа и без публика“.
За можниот нов договор со Џенова?
„Тука на никој не му е дојдено до фудбал, ќе има време и за тоа. Во контакт сум со сите збориме и за тоа, меѓутоа конкретно ќе биде кога ситуацијата ќе се среди. Тука секој ден умираат многу луѓе и сликата е тажна“
За времето со неговото семејство?
„Филипо и Ана секое наутро имаат часови, потоа вежбаме, гледаме филмови, се слушаме со нашите во Македонија…Изгледав еден куп серии, никогаш во мојот живот не сум изгледал толку. Но, ова е прилика да се биде и заедно со семејството, не се ниту тие навикнати да ме гледаат толку време дома“.
Порака за нашите гледачи?
„Почитувајте ги мерките на надлежните, најдобриот лек е да се седи дома и хигиената е исто така важна во борбата против овој вирус. Сите се надеваме дека побрзо се ќе заврши и ќе се вратиме на нормалниот живот’“.