Фудбалерите на Фиорентина, неочекувано добијаа шанса за да се борат за трофејот во конференциската лига, откако УЕФА го елиминираше Јувентус.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тоа што во претходните денови беше најавувано, денес доби потврда. Осмопласираниот тим од Серија А и финалистот од конференциската лига од минатата сезона повторно ќе влезе во борба за пехарот.
„Официјално: Фиорентина влегува во плеј оф натпреварите за конференциската лига! Напред Виола“ пишува на официјалниот Твитер профил на клубот од Фиренца.
Да потсетиме дека во финалето минатата сезона, Фиорентина беше поразена од Вест Хем со резултат 2:1.
Ufficiale: è la Fiorentina che va ai preliminari di Conference League! Forza Viola! 💜⚜️#forzaviola #fiorentina pic.twitter.com/fHDKhOIZk0
— ACF Fiorentina (@acffiorentina) July 31, 2023