Дома Фудбал Италија Официјално: Јувентус без Сари против Парма, но и во големото дерби

Официјално: Јувентус без Сари против Парма, но и во големото дерби

Јувентус се засили ова лето и спремен ќе тргне во одбрана на титулата шампион на Италија.

„Старата дама“ новата сезона во Серија А ја отвара во сабота со гостувањето против Парма, но на „Енио Тардини“ шампионот ќе патува без тренерот Маурицио Сари.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сари веќе пропушти неколку тренинзи и „генералката“ пред стартот на сезона. Шефот на стручниот штаб на Јувентус не се чуствувал добро, а подоцна докторите на италијанскиот клуб му откриле дека има воспаление на белите дробови.

Денес Јувентус официјално соопшти дека без главниот тренер ќе биде во првите два натпревари од новата сезона. Така освен Парма Јувентус ќе биде без Сари и во дербито против Наполи во второто коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Љунгберг го критикува играчот на Арсенал по победата во Лигата на шампиони над Спортинг

Фреди Љунгберг изрази незадоволство од одбранбениот играч на Арсенал, Габриел Магалхаес, п…