Дома Македонски спорт Мак фудбал Официјално: Јован Попзлатанов нов играч на Вардар!

Официјално: Јован Попзлатанов нов играч на Вардар!

Дарко Стојанов, Филип Петковски, Дарко Гроздановски, Ване Јованов, Иван Мицевски, Кристијан Костовски, Оливер Пеев, Никола Наумоски, Филип Илиќ и Трајче Стојковски, се играчите кои го напуштија Вардар, а клубот полека работи на создавање на тимот на за наредната сезона.

Нов играч на Вардар е Јован Попзлатанов кој пред неколку дена ја напушти Македонија Ѓорче Петров и се очекува да биде големо засилување за Вардар.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


„Јован Попзлатанов е второто засилување во овој преоден рок и повторно ќе го облече дресот на нашиот најтрофеен клуб. Офанзивниот крилен фудбалер доаѓа од екипата на Македонија ЃП и ќе биде големо засилување за нападот во наредната сезона“, соопштија од Вардар.

За Попзлатанов е ова е враќање во Вардар, а ќе видиме како ќе се снајде во својот втор мандат. Претходно Вардар се засили со крилниот играч, Симеон Христов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Не успеавме да бидеме ниту пред Летонија и Луксембург: Разочарување за македонските фудбалски надежи

Младата репрезентација на Македонија до 19 години одигра нерешено 1:1 против соодветната с…