Дома Фудбал Официјално: Реал сезонава домашните натпревари нема да ги игра на „Бернабеу“

Официјално: Реал сезонава домашните натпревари нема да ги игра на „Бернабеу“

Ла Лига ќе продолжи на 11  јуни, а Реал Мадрид натпреварите нема да игра на „Сантијаго Бернабеу“.

Сезоната како и во останатите првенства и во Шпанија ќе се игра без публика, па така Реал Мадрид своите домашни натпревари ќе игра на малото стадионче покрај „Бернабеу“.

„Кралевите“ ќе штедат пари така што натпреварите ќе ги играат на теренот „Алфредо Ди Стефано“. Тоа е мал стадион со капацитет до 6.000 места и е во сопственост на шпанскиот гигант. На овој терен своите домашни натпревари ги игра вториот тим на Реал.

Ќе потсетиме, Реал Мадрид во овој момент се наоѓа на втората позиција со два бода помалку од лидерот Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Никој не го сака Рахим Стерлинг, ниту како слободен агент!

Англискиот фудбалер Рахим Стерлинг сѐ уште нема клуб.  Рахим Стерлинг бил понуден на Авр, …