Дома Топ вести Официјално: Модриќ го продолжи договорот со Реал Мадрид

Официјално: Модриќ го продолжи договорот со Реал Мадрид

Искусниот играч за врска Лука Модриќ потпиша нов договор со Реал Мадрид.

Модриќ веќе со години е еден од најдобрите играчи за врска во светот, а се беше крунисано пред три години кога беше избран за најдобар играч во светот и ја освои Златната топка.

И оваа сезона Модриќ беше еден од поважните играчи на „кралевите“, но се шпекулираше дека на крајот од сезоната може да си замине.

Модриќ имаше договор со Реал до крајот на сезона и имаше најави дека Перез сака да го подмлади тимот и дека хрватскиот играч за врска може да замине. Меѓутоа сега е јасно дека тоа нема да се случи затоа што 35 годишниот Хрват официјално стави потпис на договор до крајот на наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Алиоски со емотивна порака се збогува од Лидс🎥

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски денес преку видео порака се збогува со навивачи…