Дома Фудбал Англија Официјално: Манчестер Сити доведе замена за Фернандињо!

Официјално: Манчестер Сити доведе замена за Фернандињо!

Нов фудбалер на Манчестер Сити од денеска е капитенот на У19 селекцијата на Хрватска ,Анте Палаверса.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Неговиот трансфер на „Етихад“ се најавува веќе некое време, а сега сето тоа доби и официјална потврда. Палаверса во Сити пристигнува од Хајдук Сплит, за кој оваа сезона запиша 17 настапи, иако има само 18 години.

Хрватскиот клуб за трансферот ќе заработи 6,3 милиони евра, во зависност од неговите настапи во дресот на Сити, Хајдук би можел да заработи и дополнителни пари. Хајдук ќе добие и 10% од следниот трансфер на младиот играч, а Палаверса во Хајдук останува до летото 2020. година, со тоа што Сити ќе може да го врати од позајмица во јануари истата година.

Со ова беше доведен наследникот на искусниот бразилски играч за врска Фернандињо, кој се уште нема вистинска алтернатива на „Етихад“ и е еден од најважните играчи на екипата од Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мурињо во чудна ситуација, може цела сезона да не загуби, а остана без титула!

Бенфика има голема можност да ја заврши сезоната во португалската лига без ниту еден пораз…