Дома Топ вести Официјално: Имобиле го засили Бешикташ

Официјално: Имобиле го засили Бешикташ

Oд редовите на Бешикташ и официјално го потврдија трансферот на Чиро Имобиле.

Искусниот италијански напаѓач по осум години го напушти Лацио и кариерата ќе ја продолжи во Турција.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Во Лацио Имобиле стана вистинска легенда одигрувајќи 340 натпревари во кои постигна 207 голови.

Покрај Лацио 34-годишниот голгетер во кариерата беше дел уште од: Соренто, Јувентус, Џенова, Торино, Борусија Дортмунд и Севилја, а настапуваше и како позајмен играч за Сиена, Гросето и Пескара.

Поради конфликт со навивачите Имобиле беше блиску до заминување од Лацио и во зимскиот преоден рок кога се обидуваа да го доведат клубови од Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…