Дома Фудбал Италија Официјално: Ериксен повеќе не е играч на Интер

Официјално: Ериксен повеќе не е играч на Интер

Како и што беше најавено Интер го потврди раскинувањето на договорот со Кристијан Ериксен.

Ериксен немаше можност после ситуацијата на Европското првенство да продолжи да игра фудбал во Серија А, па двете страни беа приморани да ја прекинат соработката.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Клубот му посакува се најдобро во иднина на Ериксен и неговото семејство. Убавите моменти како прегратките од навивачите и славењето на Скудетото ќе останат секогаш запаметени“, соопштија од Интер.

Сегашните најави се дека Ериксен нема да ја заврши кариерата туку ќе продолжи да игра фудбал во првенствата каде што тоа е можно. Најсериозен кандидат за неговиот потпис е неговиот поранешен клуб Ајакс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона доби понуди за Тер Штеген

Неколку клубови испратиле барања до Барселона за можноста да го привлечат на позајмица гол…