Македонскиот вицешампион Шкендија и официјално го потврди трансферот на играчот за врска Бруно Дита.
27-годишниот Дита се сели во Тетово од редовите на албанскиот прволигаш Скендербег.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Дита претходно во својата кариера има настапувано и за Динамо Тирана и Беса Каваја во албанскиот шампионат, па ова за него е прво интернационално искуство.
Дита ќе го засили средниот ред на Шкендија, каде денес потпиша двегодишен договор.
Коментари