Дома Трансфер зона Официјално: Бразилецот е слободен играч, започнува трката за неговиот потпис!

Официјално: Бразилецот е слободен играч, започнува трката за неговиот потпис!

Стартува трката за неговиот потпис!

Како и што официјално беше соопштено на сајтот на украинскиот шампион, Шахтјор, повремениот репрезентативец Бернард го напушта клубот после пет години.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поранешниот играч на Атлетико Минеиро остави длабока трага во Доњеск, запиша 157 официјални натпревари, постигна 28 погодоци, освои три титули во Украина, три трофеи во Супер купот и три трофеи во купот на Украина.

Сега ќе побара нов предизвик како слободен играч.

„Големо благодарам до навивачите на нивната поддршка, почит и пријателство. До сите испраќам една голем прегратка“, изјави Бернард по заминувањето од клубот.

Крилниот фудбалер има 25 години, па јасно е дека им уште многу да понуди на фудбалот, а нема сомневање дека од денес агентот на неговиот телефон и тоа како ќе биде активен.

Интер од поодамна покажуваше интерес за неговите услуги. Според пишувањето на италијанските медиуми го сакаат уште Милан и Лацио, тука се и клубовите од неговата татковина, Палмеирас и Сао Паоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…