Репрезентативецот на Македонија, Стефан Ашковски доби нов предизвик во странство откако потпиша договор со грчкиот прволигаш Ламија.
Во редовите на Ламија Ашковски пристигнува од редовите на Сепси од Романија. За Ламија потпишува на инсистирање на тренерот на клубот, Џанлука Феста.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
„Среќен сум што пристигнувам во Ламија. Се надевам дека ќе помогнам клубот да ги оствари своите планови, екипата има големи амбиции“, изјави Ашковски.
Низ кариерата Ашковски настапуваше за голем број клубови во странство како Славија Софија, Ботоишани, Партизан, Нови Пазар, Фортуна Ситард…