Дома Македонски спорт Откриено колку Арсенал понудил за Барди

Откриено колку Арсенал понудил за Барди

Од вчера во англиските и шпанските медиуми се пишува за понудата на Арсенал до Леванте за македонскиот фудбалер Енис Барди.

Денес шпански „Ла Разон“ ја објави висината на понудата која ја испратил Арсенал. Според нивните информации Арсенал понудил 20 милиони евра за Барди. Претходно се пишуваше дека Леванте за Барди ќе бара најмалку 25 милиони евра што е половина од неговата откупна клазула.

Ако се случи овој трансфер, а тоа да биде и за 20 милиони евра тогаш Барди ќе го сруши рекордот на Елмас и ќе стане најскапиот македонски фудбалер. Елмас ќе потсетиме од Фенербахче во Наполи премина за 16 милиони евра.

Договорот на Барди со Леванте има важност до 2022 година. Бидејќи разликата во понудата и она што го бара Леванте е пет милиони евра двата клуба би можеле да се договорат со вметнување не накакви бонуси.

Инаку, после рестартот на сезоната Барди игра одлично и постигна два гола на последните три натпревари со што стигна до вкупно 16 гола во дресот на Лавенте од кога дојде од Ујпешт за 1.5 милиони евра.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Се редат познати имиња кои се поврзуваат со Беневенто

Беневенто од следната сезона повторно ќе игра во Серија А откако на убедлив начин обезбеди…