Дома Топ вести Откриени трансфер плановите на Интер и листата на Конте

Откриени трансфер плановите на Интер и листата на Конте

Антонио Конте го предводеше Интер до титулата шампион на Италија и така ја прекина доминацијата на Јувентус во Серија А.

Интер ја освои титулата на четири кола пред крајот, па сега раководството и Конте прават планови за следната сезона.

Познато е дека „нероаѕурите“ имаат големи финансиски проблеми, па главната цел ќе биде да се задржат сите ѕвезди и да не се растура костурот на тимот.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека е  направен список од неколку фудбалери кои можат да пристигнат на „Џезепе Меаца“ како слободни агенти или како ефтини трансфери.

Прв на листата е Един Џеко кој се очекува да го раскине договорот со Рома. Познато е дека Конте во него гледа идеална алтернатива за Лукаку и Лаутаро и смета дека ќе му помогне на тимот да направи исчекор во Европа.

Во одбраната треба да пристигне Никола Максимовиќ од Наполи, исто така како слободен агент, а прва мета на левата бековска позиција е Емерсон Палмери од Челзи чија цена изнесува 15 милиони евра.

Конте бара нов голман, а прва желба е чуварот на мрежата на Удинезе, Хуан Мусо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Богаташ купи клуб за да може да игра неговиот син од 126 килограми📷

Фудбалските клубови за жал станаа „играчки“ на богатите луѓе. Па неверојатна приказна ни п…