Дома Фудбал Останато Отворена истрага за фудбалер на Звезда: Се родил четири години по смртта на мајка му?!

Отворена истрага за фудбалер на Звезда: Се родил четири години по смртта на мајка му?!

Фудбалерот на Црвена Звезда, Гејлор Канга се најде под истрага за можно лажирање на годините откако во јавноста се појавија докази дека неговата мајка била почината четири години пред неговиот датум на раѓање.

Низ годините веќе навикнавме на вакви случаи кога во прашање се фудбалерите од афричкиот континет, многу често се појавуваа фудбалери кои изгледаа многу повозрасно за своите години. Проблемот во најголем дел од случаите се открива подоцна бидејќи фалсификатот не се менува и тие продолжуваат да живеат со погрешниот датум на раѓање.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Канга во овој момент има 32 години бидејќи според неговите документи тој е роден 1990 година, но сега се појавија докази дека мајката на Канга починала 1986 година.

Исто така Канга е обвинет дека не е ниту Габонец, затоа што е роден во ДР Конго како Киаку Киаку Канга на 5-ти октомври 1985 година што би значело дека во овој момент има 37 години.

Фудбалерот јавно не се огласил, вакви сомневања постоеа и пред две години, меѓутоа сега доказите се многу цврсти, па не е исклучено Канга да добие сериозна казна. Постои голема веројатнот во целиот случај да е вклучена и Фудбалската федерација на Габон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јувентус, Интер и Манчестер Јунајтед го сакаат Начо

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…