Титулата најдобар тројкаш на Ол-стар викендот во Њу Орлеанс покрај сите очекувања на освои Ерик Гордон од Хјустон Рокетс. Тој направи изненадување и по продолжението во финалето го победи Кајри Ирвинг.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
До титулата, тој мораше да стигме преку продолженија, откако во финалната серија имаше 20 поени, исто колку и Кајри Ирвинг од Кливленд.
Во додатната рунда, Ирвинг застана на 19 поени, а Гордон забележа 21 и стана првиот играч на „Ракетите“ кој победил во натпреварот во шутирање тројки.
Што се однесува до забивањата победник е кошаркарот на Индијана, Глен Робинсон, но овој Ол-Стар ќе биде запаметен како еден од полошите кога се забивањата во прашање.
Во натпреварот во забивање учестуваа Глен Робинсон, Дерик Џоунс Јуииор, ДеАндре Џордан и Арон Гордон, кои не понудија многу атракција и ја разочараа присутната публика и ТВ гледачите.
Глен Робинсон од Индијана стигна до победата. Неговото последно забивање за кое доби 50 поени од судиите беше една од малкуте светли точки на вечерта.